Министерство за финансии
Електронски Систем за Пријавување и евиденција на обврски

За системот

Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски (ЕСПЕО) овозможува прибирање, евиденција и објавување на пријавените податоци од страна на субјектите за преземените, а недоспеани и доспеани, а неплатени обврски на субјектите.
Согласно Законот за пријавување и евиденција на обврски, субјекти кои имаат обврска да ги пријават обврските се:
-органите на државната власт,
- единиците на локалната самоуправа,
-установите и институции кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон основани од Република Македонија или единиците на локална самоуправа,
-јавните претпријатија, трговските друштва во сопственост на државата и
-други правни лица чиј основач е Република Македонија или единиците на локалната самоуправа.
Пријавувањето на обврските се врши на месечна основа преку ЕСПЕО, надоцна до десетти во месецот, за претходниот месец.
На квартална основа од страна Министерството за финансии ќе бидат објавувани збирни извештаи заради информирање на пошироката јавност, поголема транспарентност и јакнење на одговорноста при располагање со јавни средства.

Напомена:
Неовластен пристап или употреба на овој информационен систем без претходна дозвола
од Министерството за финансии е строго забранет.
Сите права се задржани © 2018 | Министерство за финансии